• Добавени продукти за сравнение
        Няма нищо в сравнение...
      • Вашите любими продукти
          Няма нищо в любими...
        • +359883 30 30 45
            1. http://www.zvucnaizolacija.com.mk/comcategory108mk
            2. advertisement
            3. http://www.zvucnaizolacija.com.mk/comcategory111mk
        • Нови продукти
        • ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА НА ЅИД

          Голема радост и задоволство е кога ќе го инвестирате животниот капитал и ќе станете сопственик на недвижност – стан. Но често тоа задоволство преминува во разочарување и незадоволство кога ќе почнете да ги слушате расправиите на соседите, високите потпетици на соседката од горниот спрат, бучавата од тушот на соседот и уште многу други изненадувања.

          Вратете ја насмевката на вашето лице со системите за звучна изолација на ѕидови од програмата на Децибел.

          Во зависнот од степенот и видот на бучава, нашите стручни лица можат да ви понудат решение според потребите и буџетот.

          Иако на пазарот постојат системи кои може да дадат добри резултати, сепак тие имаат многу слабости, несоодветната димензионираност, неправилната монтажа, неупотребата на специфични акустични елементи и друго.

          Ако имате малку простор на располагање и се соочувате со бучава од низок и среден ентитет, Децибел ви го нуди системот MUTE.

          МUTE SYSTEM 20/30/35 е специјално развиен систем за обшивка на веќе постоечки ѕидови со минимален габарит. Представува двокомпонентен панел со димензии 100х150см и дебелини од 2, 3, или 3,5 см. Се монтира на ѕидот со полиуретанско лепило или лепак за гипсани плочи, и се фиксира со антисеизмички пвц типли по краевите. Периматарот на панелот е обложен со специјална експандирана гума, додека споевите се третираат со друг вид на дихт трака за да се створи мека врска помеѓу овој и горниот завршен панел. Со ваков принцип на градба има мала веројатност за грешка при инсталацијата, па така се избегнуваат евентуалните „акустични мостови„.

          Овој систем со дебелина од 4/5 сантиметри ги дава истите резултати како и некој класичен систем на Кнауф од околу 7/8 сантиметри, факт од  посебно значање во мали простории каде секој сантиметар е важен.

          Во случај на повисоки нивоа на бучава и простор на располагање, проблемот ќе остане само бледо сеќавање со примена на системот за звучна изолација Децибел BLOCK.

          Decibel Block System нуди највисок степен на изолација за ѕидови од тврда градба во станбени, јавни и индистриски објекти. Се монтира на постечкиот ѕид како облога преку виброизолациски држачи на конструкцијата. Се постигнуваат меѓу 15 и 24 dB подобрување на изолациската моќ во зависност од видот и дебелината на постоечкиата преграда. Ова се навистина исклучителни вредности, ако се земе во предвид фактот дека 24 dB претставува намалување од речиси 95 проценти на звучната енергија.

          Клучни елементи за ефикасноста се панелите од технички полиуретан Decibel Acoustic Foam, со специјално дизајнирана геометрија. Високо еластичната и масивна мембрана Decibel Visco монтирана меѓу цврстите плочи дополнително ги зголемува фоноизолациските својства во целиот опсег и ја редуцира значително резонантната фрекфенција на гипс плочите.

          Системот е разработен според најновите трендови за звучна изолација и лабораториски тестиран според највисоките стандарди во моментот.

      • newsletter